Екипата на Шкендија на гостувањето во Ерменија кај тимот на Ноах игра без голови по првите 45. минути. Тетовскиот тим во добро издание по првиот дел, имаше и две шанси, а најдобрата ја имаше Ване Крстевски кој шутираше силно, но по средината на голот.
На другата страна и Ноах имаше две можности, но Шкендија успеа да се одбрани од тие две можности. Остануваат уште 45. минути игра, а ако тетовци останат непоразени, тоа би бил добар резултат пред реваншот на домашен терен идната седмица.
Кај Ноах во првиот тим играат две добро познати имиња. Едниот е Хофханес Хамбарџумјан кој игра на левата бековска позиција, а второто е Ералдо Чинари, досегашниот член на Шкендија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА