Шкендија се раздели од Лимани

Ардијан Лимани повеќе не е член на Шкендија, откако тетовскиот клуб обелодени дека ја прекинал соработката со косовскиот интернационалец, кој не ги оправда очекувањата по летниот трансфер во таборот на тетовци.

Овој 30-годишен фудбалер минатото лето пристигна во Шкендија и требаше да биде предводник на одбраната на „црвено-црните“, но не успеа да се наметне во редовите на поранешниот првак на Македонија.

„По извршената анализа, можеме да потврдиме дека ја прекинавме соработката со Ардијан Лимани. Разделбата доаѓа по заеднички договор на двете страни. Му благодариме на Лимани за придонесот во настапите во црвено-црниот дрес и му посакуваме здравје и среќа во следните предизвици во кариерата“, објави Шкендија.

Се вчитува...