Шкендија се раздели од уште еден првотимец

Ремонтот во тетовска Шкендија по загубената трка за титулата продолжува откако „црвено-црните“ денеска се разделија од четири фудбалери.

Утрово беше официјализиран раскинот на договорите со Кире Маркоски, Џеси Џоу и Андре Менсалао, за вечерва на листата на играчи кои си заминуваат од Шкендија да се приклучи и словачкиот дефанзивец Јан Кривак.

„ФК Шкендија го потврдува раскинот на договорот со словачкиот централен дефанзивец Јан Кривак. Тој дојде во Шкендија во јануари 2020 година и досега настпаи на 53 натпревари, постигнувајќи пет погодоци. Шкендија му се заблагодарува на Јан Кривак за придонесот во црвено-црниот дрес и му посакуваме многу среќа во иднина“, објавија тетовци на официјалната веб-страница.

Се вчитува...