Алмир Реџепи не е повеќе дел од Шкендија. Левиот бек го напушта клубот во потрага по поголема минутажа. Самиот играч изразил желба да има поголема минута, со што Шкендија му излезе во пресрет, и сега ќе ја смени средината.
„Шкендија му се заблагодарува на Алмир Реџепи за неговиот придонес во нашиот тим, и му посакуваме здравје и континуирани успеси во кариерата“, стои во соопштението на Шкендија.
Прет три години како 18-годишник, Реџепи го потпиша првиот професионален договор со тетовските „црвено-црни“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА