Македонскиот фудбалски прволигаш Шкендија се раздели со интернационалецот Мустафа Мујезиновиќ, потврдија од клбуот од Тетово.
Играчот од средниот ред повеќе нема да биде дел од тетовци откако двете страни спогодбено ја раскинале соработката.
„Шкендија го потврдува затворањето на соработката со играчот за врска Мустафа Мујезиновиќ. 30-годишниот фудбалер од Босна и Херцеговина и клубот спогодбено го раскинуваат договорот и фудбалерот е ослободен како слободен играч на летниот пазар“, стои во соопштението на Шкендија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА