Лудогорец имаше 2-0 предност на полувремето во дуелот против Шкендија, а во вториот дел не влезе со истата жар како во првото. Бугарскиот тим чекаше, и се чини погреши, а сето тоа го казни Тамба кој постигна гол.
На асистенција на Ибраими, Тамба во полн трк ја прими топката, излезе сам пред голот на Пад, и го совлада за 2-1, и вкупни 3-3.
Сега секоја грешка и секој погодок може да биде клучен, а ако остане вака, тогаш ќе се играат продолженија.
Головите за Лудогорец во првиот дел ги постигнаа Куртулус и Чочев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

