Шкендија денеска објави дека се засили со дефанзивецот Башким Велија. Договорот е во следните две години, односно во 2024 година.
Велија доаѓа од екипата на Лачи од Албанија, а претходно играше и за градскиот ривал Ренова. Има 28 години и игра главно на десната бековска позиција, а може да игра и лево.
„Среќен сум што сум дел од Шкендија. Моја долгогодишна желба беше еден ден да заиграм во овој тим. Најмногу ми е драго што Шкендија создава квалитетен тим и среќен сум што и јас ќе бидам дел од оваа екипа. Се надевам на успешни настапи на меѓународна сцена, а потоа и во домашното првенство. Благодарност на Шкендија што ми дадоа можност. Јас сум тука да давам максимум на теренот и ветувам дека ќе бидам целосно посветен на „црвено-црниот“ дрес“, рече Велија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

