Шкендија, за настапите во квалификациите од Лигата на шампионите, се засили со досегашниот младински репрезентативец на Македонија, Имран Фетаи.
22-годишниот Фетаи, кој игра на централната дефанзивна позиција, повторно се враќа во дресот на тетовци од каде фудбалски потекнува. Но, во 2021 година од Шкендија се сели во Гостивар, каде потоа кариерата ја продолжува во Беса Добридол и кавадаречки Тиквеш.
Изминатава сезона настапуваше за Беса, од каде по испаѓањето на клубот во Втората лига, сега повторно се враќа во Шкендија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

