Македонскиот прволигаш Шкендија е во потрага по нови засилувања, откако раководството на клубот ја раскина соработката со неколку фудбалери, а и обнови дел од договорите на играчите од постоечкиот кадар. Начелно е постигнат договор со Бесарт Ибраими за негово останување и во наредните две години, но клубот ќе го официјализира во следниот период. Дотогаш управата е фокусирана на ангажман и на засилувања од странство.
Шкендија е во преговори со албанскиот интернационалец Бруно Дита од Скендербег од Корча. Се работи за 27-годишен фудбалер кој игра во линијата за врска и треба да биде засилување за средниот ред на тетовскиот тим. Доколку се биде в ред, тој треба да потпише двегодишен договор со Шкендија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

