Шкендија се жали: Мечкаровски судеше еднострано, ова се неговите грешки…

Не стивнуваат реакциите на раководството на Шкендија по вчерашното реми од Купот на Македонија против Вардар, меч на кој тетовци сметаат дека биле оштетени од страна на главниот арбитар Димитар Мечкаровски и неговите помошници. Тетовските „црвено-црни“ испратија и соопштение до јавноста во кое ги потенцираат ситуациите за кои сметаат дека Мечкаровски направил превиди, сите во корист на Вардар.

Соопштението на ФК Шкендија го пренесуваме во целост:

СООПШТЕНИЕ

во врска со делбата на правдата или неправдата од страна на судиите. За нас е неприфатливо што меѓународен судија со знакот на ФИФА како Димитар Мечкаровски да суди така еднострано и на штета на нашиот клуб, влијаејќи со своите одлуки директно на конечниот исход на натпреварот. Во продолжение ги истакнуваме некои конкретни моменти придружени и со видео материјал каде што одлуките на судиите беа со два критериуми и директно на штета на нашиот
тим.

На фудбалерот Мевлан Адили со бр. 33 од ФК “Шкендија АД” (одбранбен фудбалер), на самиот почеток на натпреварот односно во 7 мата минута, главниот судија Димитар Мечкаровски му покажува жолт картон после првиот направен фаул;

Фудбалерот Дарко Глишиќ со бр. 32 од ФК “Вардар АД”, во 33 та минута го фаулираше од позади со две нозе нашиот фудбалер Егзон Бејтулаи, во овој случај главниот судија не досуди фаул, односно даде предност затоа што во случај ако ја прекинеше играта требаше да покаже втор жолт картон
(истиот фудбалер доби жолт картон во 26 та минута);

Фудбалерот Еннур Тотре со бр. 8 од ФК “Шкендија АД”, во 43 та минута беше фаулиран од двајца фудбалери на ФК “Вардар АД” (Никола Глигоров со бр. 16 и Кристијан Тошевски со бр. 2) во зона на шеснаесетникот, а главниот судија покажа играта да продолжи;

Во 78 ма минута главниот судија досуди (непостоечки) фаул за ФК “Вардар АД”, од кој домашниот тим во продолжение го израмни резултатот. Ако го  aнализираме видео материјалот (во прилог) се гледа многу чисто дека нашиот фудбалер Арменд Алими со бр. 5 прв стигнаува до топка и му дава пас на Ардиан Цуцули, а фудбалерот Тигран Барсегјан со бр. 11 од ФК “Вардар АД” само симулира и воопшто не беше фаулиран. Како може да се суди овој фаул кога главниот судија е само 6 7 метри далеку од акцијата?;

Најдраматичниот момент кај што сме тотално оштетени е во 89 та минута кога фудбалерот Никола Глигоров со бр. 16 од ФК “Вардар АД”, игра директно со рака пред нивниот гол менувајќи го правецот на топката, а ова за судиите не беше доволно за пенал

Поради оваа причина ние благовремено реагираме и ФК Шкендија бара од Комисијата за фудбалски судии да превземе конкретени мерки во врска со некоректното судење кое оди на штета на нашиот клуб. Имајќи предвид дека натпреварот е завршен и не можеме да се вратиме назад, би сакале ваквото
еднострано и пристрасно судење да не се повтори. ФК Шкендија прави големи вложувања со што придонесуваме директно кон подобрување на квалитетот на македонскиот фудбал и неприфатливо е нашиот спортски од да се соочи со вакви пречки од оние кои всушност треба да покажат правда.
Ние не бараме никаква помош, туку само коректно судење и еднакви услови за играње како сите други тимови.

Се вчитува...