Шкендија, сега, со далеку поголеми шанси за пласман во 3. коло од ЛШ, Македонија доби плус УЕФА рејтинг поени

По синоќешната победа од 1-0 против романскиот шампион ФЦСБ, екипата на Шкендија сега е со далеку поголеми шанси за пласман во 3. квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Пред првиот меѓусебен дуел, според фудбалските анализи, на Шкендија и се даваа само 10% шанси за следната рунда натпревари, но по триумфот во Скопје македонскиот шампион сега е со 35% шанси за продолжување на европското лето во Лигата на шампионите.

Иако, за сите е јасно дека ќе биде повеќе од тешко на реваншот за седум дена во Букурешт против големиот фаворит ФЦСБ.

Од друга страна, новата победа на тетовци донесе и нови рејтинг поени за Македонија на ранг-листата за клупските настапи. Па, со новите поени, Македонија сега го прескокна Велс на УЕФА ранг листата.

Се вчитува...