Шкендија, сепак, аутсајдер во квалификациите за ЛШ: Можни противници Селтик, Лудогорец, Ц. Звезда, Малме….

Новиот македонски шампион, тетовска Шкендија сепак ќе биде на аутсајдерската листа во 1. квалификациско коло за Лигата на шампионите.

И покрај тоа што постоеја шанси Шкендија, согласно УЕФА коефициентот (3.500), да биде и меѓу носителите со што би добила полесен противник, сепак откако вчера Зрински (коефициент: 3.750) ја освои шампионската титула во БиХ, Шкендија и дефинитивно ќе биде меѓу аутсајдерите. Веќе е извесно и дека Кукеши (коефициент: 4.250) од Албанија ќе се натпреварува во квалификациите за ЛШ и тоа од носителската лига, со што Шкендија се сели кај аутсајдерите.

Од засега познатите тимови кои веќе се меѓу носителите, како можни противници на Шкендија во 1. квалификациско коло за ЛШ се бугарскиот Лудогорец, шкотски Селтик, ФК Астана од Казахстан, БАТЕ Борисиво од Белорусија, Карабах од Азербејџан, Шериф Тираспол од Молдавија, белградска Црвена Звезда, шведски Малме, норвешки Розенборг, фински Хелсинки и Њу Сеинтс од Велс.

Ждрепката за 1. квалификациско коло од Лигата на шампионите е закажана на 19. јуни.

Се вчитува...