Силекс има предност од 2-1 по првото полувреме против Струга ТЛ во 21. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Водство има и за лидерот Шкендија кој има предност од 1-0 против Тиквеш, а водат и Шкупи и Воска Спорт на домашен терен.
Кратовци поведоа во 10. минута со погодокот на босанскиот интернационалец Хрвановиќ…
А, веќе во 22. минута од средбата домашните дојдоа и до 2-0 со погодокот на Гамбиецот Осман Маронг.
Но, Струга ТЛ по мајсторски извежбана акција успеа да ја намали предноста на Силекс со гол во 40. минута.
Шкендија има предност од 1-0 против Тиквеш во Тетово. Црвено-црните до предност дојдоа со мајсторијата на Нигериецот Алхасан во 35. минута од средбата.
По корнерот од десната страна, Алхасан извонредно во стилот на расен стрелец со пета ја зафати топката и ефектно ја смести во мрежата на гостите.
Екипата на Воска спорт, пак, води со 1-0 против АП Брера. Уште не ни загреан и фудбалерите на двете екипи, охриѓани поведоа уште „од соблекувална“ веќе во 5. минута со голот на офанзивецот Виноградац.
Шкупи на полувремето има предност од 1-0 против Пелистер благодарение на голот на Ибиши во 44. минута од средбата.
Нема погодоци единствено на дуелот на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари меѓу Гостивар и Работнички.
ПРВА ЛИГА – 21. КОЛО (прво полувреме)
Тетово: ШКЕНДИЈА – TИКВЕШ 1-0
Алхасан 35′
Кратово: СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ 2-1
Хрвановиќ 10′, Маронг 22′ – Кривањева 35′
Скопје: ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ 0-0
Охрид: ВОСКА – АП БРЕРА 1-0
Виноградац 5′
Скопје: ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР 1-0
Ибиши 44′
ВЧЕРА:
Скопје: ВАРДАР – БЕСА 0-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

