Шкендија со 17% шанси да го мине Лудогорец и да се пласира во групната фаза од ЛЕ

На тетовска Шкендија и даваат само 17% дека може да го мине Лудогорец и да се пласира во групите во Лигата на Европа. Ова го прогнозира познатиот фудбалски профил “Football Meets Data”, кој исто така даде прогнози и за пласман во плеј-офот во ЛШ, и тогаш му даде на Шкендија само 15% против Карабах.

Како што е познато, Шкендија ги загуби двата меча, а азербејџанскиот тим беше меѓу прворангираните, односно со најмногу шанси дека може да се пласира во плеј-офот. Од друга страна, пак, Лудогорец се најде на четвртото место по бројот на шанси да обезбеди пласман во групната фаза, односно 83%.

Пред него се Митјиланд (86%), Утрехт (88%) и Брага со неверојатни 98% дека ќе се пласира во групната фаза од ЛЕ. Брага има вакви шанси затоа што се среќава со Линколн од Гибралтар, додека Утрехт ќе игра против Зрински од БИХ. Митјиланд за противник го има Купс од Финска.

Се вчитува...