Еден гол на Шкендија беше доволен да се победи на натпреварот во Ѓорче Петров против Македонија. Го постигна Красниќи во вториот дел, и така ги донесе бодовите кај првакот во битката за одбрана на шампионската титула.
Николиќ прв се закани по голот на Шкендија, но Гаје одбрани, а потоа две прилики за Спахиу, но тетовскиот тим по првиот дел не дојде до предност.
Затоа тоа му успеа во вториот дел во 53. минута кога Красниќи доби одлична топка, изби сам пред голот, и погоди во мрежата на Јанков. Во вториот дел имаше помалку шанси, Шкендија со иницијатива успеа да го сочува водството со кое се стекна, и да однес три бода од ова гостување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

