Шкендија со минимална предност ќе патува на реваншот во Велс

Нереализацијата на вечерашниот меч против Хаверфордвест, може скапо да ги чини фудбалерите на Шкендија на реваншот во Велс. Сепак, тетовскиот тим дојде до победата, иако изразена со минимални 1-0, сепак, имаа уште неколку одлични шанси да дојдат до поубедлива победа. Но, неефикасноста и падот на концетрацијата во завршницата не им го дозволи тоа. Така тетовци ќе мора да се задоволат со минимална предност, иако нивната победа „висеше“ до последните мигови од мечот. Хаварфордвест се закани еднаш само сериозно, но и тоа ќе беше доволно за поволен резултат од Скопје, но Талески беше концентриран и присебен.

Шансите се редеа и во првиот и во вториот дел. Во првите 45. минути немаше погодок. Шанси имаа и Шала и Елези, меѓутоа не успеаја да се запишат во листата на стрелците и да донесат предност.

Голот падна веднаш по почнувањето на вториот дел, поточно во 47. минута. Акција по десната страна и нафрлена топка од Лимани, кој на петерецот го најде Шала, а овој од прва шутираше прецизно во мрежата на Џонс.

И Шкендија тргна по уште некој гол, знаејќи дека ревнашот во Велс ќе биде тежок. Но, едноставно не одеше. Прилки промашуваа и Елези, и Красниќи, и Шала, и Чинари… Сериозна беше онаа на Чинари кога шутираше од слободен удар за малку крај голот.

Тетовскиот тим стигна до победата, и со предност ќе оди на вториот меч. Но, фудбалерите и стручниот штаб треба да бидат свесни дека таму треба да се користат шансите. Во спротивно ќе биде многу тешко да се помине „аутсајдерот“, барем на хартија.

Се вчитува...