Шкендија со најголем ваучер од АМС – 175.000 евра, за Вардар – 135.000 евра, за ФФМ – 0 денари

Агенцијата за млади и спорт ја објави листата на фудбалските колективи на кои им се распределени ваучерите согласно Законот за спорт за изминатата година.

Од македонските прволигаши најголем ваучер има Шкендија во висина од 10.800.000 денари, а потоа следи Шкупи со 10.000.000 денари. И ФК Вардар доби ваучер во висина од 8.400.000 денари кој ќе треба да го валоризира за функционирање низ пролетниот дел од сезоната.

Интересно, на листата на националните федерации, како и минатата година, повторно нема ниту еден денар за Фудбалската федерација на Македонија. Ракометната федерација на Македонија доби 16.000.000 денари, а Македонската кошаркарска федерација – 14.000.000 денари. Одбојкарската федерација доби ваучер од 12.000.000 денари.

КОМПЛЕТНАТА ЛИСТА НА НАЦИОНАЛНИ СПОРТСКИ ФЕДЕРАЦИИ МОЖЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА.

Се вчитува...