Македонскиот фудбалски прволигаш Шкендија и на вториот меч против ерменска Ноа овојпат на домашен терен има негатива од 0-1 по 45 минути во 1. квалификациско коло во Конференциската Лига на УЕФА. По победата од 2-0 на домашен терен Ерменците без никакви калкулации влегоа и во овој меч и заслужено водат по првото полувреме.
Гостите подобро го отворија мечот и веќе по осум минути имаа две полушанси по кои не успеаја да го загрозат голот на голманот Амзаи.
Првата шанса Шкендија ја имаше во 14. минута кога Красничи биеше добро, но противничкиот голман успеа да го одбрани неговиот удар. Гостите од еден прекин повторно го загрозија голот на Шкендија, но повторно сигурен беше Амзаи кој не дозволи водство за противникот.
Следеше нова шанса на гостите кои овојпат успеаја да ја искористат преку Aлександар Милјковиќ и во 20. минута да поведат со 0-1. До крајот на првото полувреме и двете екипи имаа уште по неколку шанси, но не успеаја да го загрозат голот на противникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА