Шкендија со негатива на полувреме против Рајо Валјекано (ВИДЕО)

Фудбалерите на македонскиот шампион Шкендија имаат негатива од 2-0 на полувреме против Рајо Валјекано во историскиот прв натпревар за тимот во лигашкиот дел од најмладото клупско натпреварување на УЕФА, Конференциската лига.

Домаќините првата шанса ја имаа во 14. минута кога одлично интервенираше голманот Гаје и го зачува голот на гостинот. Во 21. минута, Цаке можеше за малку да си даде автогол, но сепак на крајот успеа во последен момент да интервенира и да ги задржи почетните 0-0.

Шпанскиот прволигаш до водство од 1-0 дојде во 28. минута со голот на Лопез. Само четири минути подоцна тие зголемија на 2-0 преку Перез.

Се вчитува...