Шкендија со пет гола во Баку се збогуваше од Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Карабах беше пресилен на реваншот за екипата на Шкендија, и продолжува во плеј-офот, а македонскиот првак ќе игра во плеј-офот во Лигата на Европа со поразениот од дуелот Ференцварош – Лудогорец, и ќе се бори да го повтори успехот на Вардар од 2017 година. На крајот азербејџанскиот првак победи со убедливи 5-1, откако се налути по водството на Шкендија во 10. минута од средбата.

Малкумина кој очекуваше дека по оние 0-1, дека на крајот ќе прими пет голови од Карабах, и на ваков начин ќе биде елиминирана од Лигата на шампионите. Пресудно беше првото полувреме, во кое домашниот тим како да се налути по примениот гол, па веќе на полувреме имаше предност од 4-1, и во вториот дел само ја доврши работата.

Тамба во 10. минута доби одлична топка од Бесарт Ибраими, и одкосо од десно успеа да го совлада противничкиот голман за шок на трибините на стадионот во Баку.

Но, брзото враќање на Карабах беше клучно за ваквиот резултат. Само две минути два гола и целосен пресврт. Најпрво Цаке си постигна автогол по еден центаршут од левата страна, а потоа и Каду Боргес во 18. минута од средбата на асистенција на Зубир успеа да донесе предност за Карабах.

Зубир му асистираше и на Акундзаде во 33. минута од средбата, за предност од 3-1, а Јанковиќ од пенал погоди во 35. минута за 4-1.

Во вториот дел се намали и темпото на играта, со оглед дека Карабах беше пред промоција во плеј-офот, па во една таква ситуација Карабах постигна само еден гол преку Леандро Андраде по една добра акција.

Карабах имаше уште 3-4 добри шанси, еднаш ја погоди и стативата, па така заслужено слави победа и пласман во натпревар кој може да ги однесе во групната фаза во Лигата на шампионите.

Се вчитува...