Шкендија со поддршка за Ване Крстевски (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалскиот шампион на Македонија, Шкендија го одработи официјалниот тренинг на арената „Тодор Проески“ во Скопје пред утрешниот меч против полска Јагелонија во 3. коло од новата сезона во Конференциската лига.

Тетовци на крајот направија заедничка фотографија како поддршка за својот соиграч Ване Крстевски кој поради фрактура на клучната коска поради која долго време ќе биде надвор од терените.

Се вчитува...