Шкендија со полициска придружба пречекана во Мадрид: Мечот со Рајо Ваљекано за деби во Конференциската лига (ВИДЕО)

Фудбалерите на македонскиот шампион Шкендија пристигнаа во Мадрид каде против шпанскиот прволигаш Рајо Ваљекано утре ќе го имаат своето деби во групна фаза од едно европско клупско натпреварување во историјата!

„Црвено-црните“ ги очекува првиот натпревар од новата сезона во Конференциската лига на УЕФА, против исклучително атрактивен противник со желба за успешна европска презентација на македонскиот фудбал.

Јасно е дека Рајо ја носи фаворитската улога, но момците на Јетон Беќири и тоа како се желни за ново докажување на европската сцена. Натпреварот меѓу Рајо Ваљекано и Шкендија се игра утре со почеток од 18:45 часот.

Се вчитува...