Пред почетокот на пролетниот дел од шампионатот тетовска Шкендија упати повик до навивачката група „Балисти“ да бидат надминати меѓусебните недоразбирања и повторно да се вратат со поддршка за тимот од трибините.
„Балистите“ по лошите резултати на тимот во есенскиот дел од сезоната, и одредени недоразбирања со раководството, пред крајот на првиот дел од шампионатот се одлучија да не присуствуваат на натпреварите на црвено-црните…
„На неколку денови пред почетокот на пролетната сезона во која Шкендија ќе атакува на титули, раководството на клубот јавно ја повикува навивачката група ‘Балисти’ да се врати на натпреварите на тимот. ‘Балистите’ секогаш даваат далеку поголема сила за тимот кон остварување на своите цели. Навивачите се од витално значење за поддршка на тимот. Клубот ги направи сите подготовки за успешна пролет, се засили со квалитетни играчи, па сега ни се неопходни и навивачите, можеби како никогаш порано. Сакаме натпреварите на Шкендија на Градскиот стадион во Тетово да бидат секогаш празник, а тоа е можно само со ‘Балистите’. Затоа е неопходно да се надминат сите недоразбирања и најверните навивачи повторно да се вратат на стадион“ – се вели меѓу другото во повикот од Шкендија до своите најверни навивачи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА