Шкендија со „позитивна нула“ на полувреме во Велс

Македонскиот фудбалски прволигаш Шкендија има позитивни 0-0 против велшки Хаверфордвест на полувреме во реванш натпреварот од 1. квалификациско коло во најмладото европско фудбалско клупско натпреварување Конференциската лига.

Откако првиот натпревар одигран во Скопје пред седум дена, тетовци го добија со минимални 1-0, сега се на само 45 минути од пласман во 2. коло.

Првиот дел ни донесе еден тврд натпревар без многу шанси, но како и во Скопје Шкендија беше подобар противник, но не ги искористи своите шанси.

Доколку Шкендија го мине овој ривал во 2. коло ќе игра против Торшаван од Фарски острови.

Се вчитува...