Актуелниот фудбалски шампион на Македонија, Шкендија има водство од 1-0 на полувреме на домашен терен против повратникот во елитата Башкими во премиерниот натпревар од 5. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Домаќините кои беа подобри на стартот од мечот, ја материјализираат добрата игра во 25. минута со голот на Решат Рамадани. По корнерот на Красничи, Рамадани најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник и ја „закова“ топката во голот на Јашар.
До крајот на првиот дел тетовци имаа уште неколку шанси, но гостите успеаја да се одбранат па на пауза се замина со предност од 1-0 за Шкендија.
ПМФЛ 5. КОЛО:
ДЕНЕСКА:
ШКЕНДИЈА – БАШКИМИ 1-0
(19.00) ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП
УТРЕ:
(15.30) АП БРЕРА – ШКУПИ
(15.30) СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ
НЕДЕЛА
(15.30) СТРУГА – ТЛ ТИКВЕШ
(19.00) ПЕЛИСТЕР – АРСИМИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

