Четири погодоци по првите 45 минути во првото пролетно коло од Првата македонска фудбалска лига. Шкендија води со 0-1 на гостувањето против Македонија ЃП, Тиквеш води со идентични 0-1 во Штип против Брегалница, а Шкупи има предност од 2-0 против Воска Спорт на натпреварот во Чаир.
Шкупи прв дојде до предност на денешните натпревари.
На дуелот кој се игра на стадионот во Чаир, Шкупи до предност дојде уште во 5. минута со голот на зимското засилување, 22-годишниот норвешки напаѓач Емануел Гронер кој пристигна од Сонгдал. Чаирчани мајсторски реализираа контранапад кој луцидно, откако го мина и противничкиот голман, го заокружи Гронер за 1-0.
Кристијан Трапановски во 45. минута дополни на веќе сериозна предност на Шкупи од 2-0.
Шкендија, пак, до предност од 0-1 во Ѓорче Петров против Македонија ЃП дојде со голот од пенал на Тотре во 29. минута од натпреварот.
Тиквеш, пак, по брз контранапад во 40. минута со голот на Едис Спахиу има водство од 0-1 на дербито на Истокот против Брегалница во Штип.
Нема голови на натпреварите на „Борис Трајковски“ меѓу Работнички и Струга ТЛ, како и во Кратово на дуелот меѓу Силекс и АП Брера.
ПРВА ЛИГА – 19. КОЛО (прво полувреме)
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА 0-1
Тотре 29′(п)
Кратово: СИЛЕКС – АП БРЕРА 0-0
Скопје: ШКУПИ – ВОСКА СПОРТ 2-0
Гронер 5′, Трапановски 45′
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ 0-1
Спахиу 40′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ 0-0
ВЧЕРА
Гостивар: ГОСТИВАР – ВАРДАР 1-1
Слишковиќ 90′ – Мишковски 85′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

