Македонскиот фудбалски прволигаш, Шкендија има реми 1-1 на полувреме на гостувањето кај шведскиот АИК во првиот натпревар од двомечот во 3. коло од квалификациите во најмладото европско клупско натпреварување, Конференциската лига.
Фудбалерите на Шкендија со еден од најбрзите голови во историјата на македонскиот клупски фудбал уште во 26. секунда дојдоа до водство од 0-1 со голот на Ферхан Хасани. Домаќините успеаја да стигнат до израмнување преку некогашниот голем шведски талент, Џон Гвидети кој постигна гол за израмнување на 1-1 на асистенција на Себастијан Ларсон кој најголемиот дел од кариерата го помина во англиската Премиер-лига.
Голот на Ферхан Хасани за 0-1 можете да го погледнете на следниот линк.
Голот на Џон Гвидети за 1-1 можете да го погледнете на следниот линк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА