Од денеска па во следните две недели, Шкендија се пресели во Словенија, каде ќе се подготвува за натпреварите од Лигата на Конференции на УЕФА, а од таму ќе го дознаат и противникот.
На кормилото засега останува Артим Шаќири, поради неможноста тетовци да најдат нов тренер. Шаќири беше донесен пред крајот на минатата сезона како спортски директор, и беше поставен за в.д. тренер, но ќе остане уште малку, и веројатно ќе ја води екипата низ европските предизвици.
Има и новитети во ростерот. Најнова вест е заминувањето на Ангелче Тимовски. Тимовски и Шкендија се договориле спогодбено да го раскинат договорот, и тој е слободен агент. Заедно со него заминаа и Јан Кривак, Џеси Џоу, Андре Менсалао, Кире Маркоски и Зија Мерџани. Официјални ново име е Башким Велија, а треба да се комплетира и доаѓањето на голманот Давор Талески од Струга ТЛ.
Во Словенија Шкендија ќе одигра четири пријателски натпревари. Серијата почнува веќе утре кога тетовци ќе ги одмерат силите со Ференцварош. На 18. јуни ќе игра против Марибор, а на 21 со Зрински. Серијата завршува на 25, термин за кој се бара противник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

