Шкендија со убедлив пораз од Самсунспор за крај на Европа (ВИДЕО)

Шкендија ја заврши најуспешната своја европска сезона во историјата, и најуспешната сезона во Европа на еден македонски клуб воопшто. И со вториот пораз во плеј-оф пресметката од турски Самсунспор, овој пат на гостински терен од 4-0, „црвено-црните“ не успеаја да се пласираат во осминафиналето на Конференциската лига на УЕФА.

Шкендија одигра израмнето прво полувреме парирајќи максимално на фаворизираниот противник за први 45 минути без голови.

Но, во второто полувреме целосна доминација на фудбалерите на Самсунспор.

Најпрво, Нчам од пенал во 53. минута донесе предност од 1-0 за домашните.

Потоа, Ндиаје во 71. минута стрелаше за 2-0, а Мариус во 79. минута зголеми и на 3-0.

Конечните 4-0 ги постави Марис со својот втор гол во 92. минута од средбата.

Својата одисеја во Европа ја заврши и косовска Дрита на нашиот Зеко Рамадани, која исто така по вторпат загуби од словенечко Целје, повторно со 3-2.

Во осминафиналето од Конференциската лига на УЕФА место обезбеди и Ријека која славеше против Омонија со 3-1.

Се вчитува...