Шкендија со водство на „Арената“ чекори кон Конференциската лига, Тиквеш води со Вардар во Скопје (ВИДЕО)

Шкендија е на пат да го зачува второто место во сезоната 2023/2024 и да обезбеди за себе настап во Конференциската лига на УЕФА по водството од 0-1 по првото полувреме на гостувањето против Работнички во последното коло од шампионатот.

Тетовци до предноста на арената „Тодор Проески“ дојдоа со голот на Красниќи во 39. минута.

Шкупи, пак, има 1-1 по првите 45 минути на гостувањето против старо-новиот шампион Струга ТЛ.

Чаирчани поведоа со голот на Рамани уште во 9. минута од натпреварот, но Бунјамин Шабани со убав гол во 30. минута израмни на 1-1.

Тиквеш води со 1-2 против Вардар во Скопје. Црвено-црните поведоа во 14. минута со голот на Николовски, но потоа со два гола на Даноски и на Пузиревскис кавадарчани дојдоа до предност.

Брегалница води со 1-0 против Силекс благодарение на голот на Филип Стојчевски уште во 2. минута од средбата.

Македонија ЃП со пресврт води со 1-2 на гостувањето против АП Брера во Турново. Ивковиќ уште во 3. минута постигна гол за водство на АП Брера, а потоа Величковски во 13. минута и Ларсон во 23. минута постигнаа голови за предност на „лавовите“. Нема голови на дуелот  во Охрид меѓу Воска Спорт и Гостивар.

ПРВА ЛИГА – 33. коло (прво полувреме)
Струга: СТРУГА ТЛ – ШКУПИ 1-1
Шабани 30′ – Рамани 9′
Турново: АП БРЕРА – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-2

Ивковиќ 3′ – Величковски 13′, Ларсон 23′
Штип: БРЕГАЛНИЦА – СИЛЕКС 1-0
Стојчевски 2′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 0-1
Красниќи 35′
Скопје: ВАРДАР – ТИКВЕШ 1-2
Николовски 14′ – Даноски 24′, Пузиревскис 29′
Охрид: ВОСКА СПОРТ – ГОСТИВАР 0-0

Се вчитува...