Шкендија со водство на полувреме против Шкупи во премиерниот меч од новата сезона во ПМФЛ (ВИДЕО)

Актуелниот македонски шампион Шкендија води со … на полувреме против Шкупи во премиерниот натпревар од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Гостите на Чаир на овој меч играат со младинци и со само четири фудбалери на клупата за резерви.

Стрелец на првиот погодок во новата сезона во мак-фудбалот е Флорен Рамадани кој во 9. минута донесе водство за тетовци од 1-0.

Иако Шкендија доминираше, гостите брзо израмнија на 1-1 преку Малик Хајрави во 14. минута.

Набрзо по израмнувањето Шкупи остана со играч помалку поради втор добиен жолт картон.

Повторно во водство тетовци ги донесе Арбин Зејнулаи кој во 21. минута стрелаше за 2-1.

Се вчитува...