Шкендија го продолжува својот европски пат во новата сезона по победата од 0-1 на гостувањето против романскиот Ботошани во 2. квалификациско коло од Лигата на Европа.
Тетовци одиграа одличен натпревар во Романија, тактички комплетно надмудрувајќи го противникот и покрај тоа што речиси половина час беа и со играч помалку на теренот по исклучувањето на Арменд Алими во 67. минута од средбата.
А, Шкендија извонредно го отвори натпреварот со прекрасниот лоб удар на Бесарт Ибраими за водство од 0-1…
Во продолжението, Ботошани сосема очекувано тргна далеку поофанзивно главно преку креаторот на играта, македонскиот репрезентативец Давид Бабунски. Но, Шкендија максимално ги неутрализираше сите напади на Романците кои останаа без посериозни можности.
Во второто полувреме слична слика на теренот. Романскиот тим по исклучувањето на Адеми притисна дополнително кон голот на Захов, но низ тактичко одлично издание Шкендија максимално сигурно во дефанзивата не дозволи израмнување, за конечен пласман во третата квалификациска рунда.
Во 3. квалификациско коло Шкендија во Скопје, на 24. септември, ќе го очекува подобриот од пресметката меѓу Локомотив Пловдив и Тотенхем. Изненадувачки, на десет минути пред крајот во Пловдив, Локомотив има 1-1 против големиот фаворит.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА