Фудбалерите на Шкендија стигнаа до првата победа за време на подготовките во Анталија, славејќи убедлива победа против украинскиот прволигаш Олимпик Доњецк.
Лидерот во македонското првенство славеше со 4-1 (1-0) против Украинците во натпревар во кој доминираа во текот на сите 90 минути.
Шкендија дојде до водство со голот на Жуниор, а на асистенција на Марјан Радески, уште во 11. минута. Во вториот дел Украинците намалија во 53. минута со голот на Вадим Шцастливцев, за да Марјан Радески го врати водството во 56. минута. Во 73. минута Ибраими зголеми во 73. минута, за да конечно во 83. минута Шефити заокружи на 4-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА