Шкендија убедлива со Вардар по само едно полувреме, Струга ТЛ води со лидерот Гостивар… (ВИДЕО)

Шкендија има убедлива предност од 3-0 против Вардар уште по првото полувреме во 8. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Тетовци до водство од 1-0 дојдоа веќе во 3. минута со голот на Трумчи.

Одлична двојна акција на Трумчи и Бесарт Ибраими, која мајсторски со шут од 15 метри ја круниса десниот бек на Шкендија.

Веќе во 13. минута и самиот Ибраими по одлична акција постигна гол за 2-0.

Најубавиот момент на мечот беше во 27. минута кога Ахмеди постигна прекрасен гол за водство и од 3-0.


Во дербито на колото, Струга ТЛ води со 2-1 против лидерот Гостивар.

Домашните поведоа со голот на Кехинде во 25. минута, но веќе во 36. минута Ајдоган со убав гол израмни на 1-1.


Сепак, Струга ТЛ дојде до предност на полувремето со голот на Компаоре во втората минута од судиското продолжение.

Работнички, пак, има водство од 1-0 по првите 45 минути против Шкупи со голот на Регба во 36. минута.

И АП Брера дојде до предност од 1-0 пред паузата против Пелистер на дуелот во Струмица, благодарение на голот на Ивковиќ во 45. минута. Битолчани се со играч помалку од 17. минута.

Беса води со идентични 1-0 против Воска Спорт со погодокот на Ремзифаик Селмани во 11. минута од натпреварот.

ПМФЛ – 8. КОЛО (прво полувреме)
Тетово: ШКЕНДИЈА – ВАРДАР 3-0
Трумчи 3′, Ибраими 13′, Ахмеди 27′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 1-0
Регба 36′
Струмица: АП БРЕРА – ПЕЛИСТЕР 1-0
Ивковиќ 45’+3
Кичево: ТИКВЕШ – СИЛЕКС 0-0
Струга: СТРУГА ТЛ – ГОСТИВАР 2-1
Кехинде 25′, Компаоре 45’+2 – Ајдоган 36′
Гостивар: БЕСА – ВОСКА СПОРТ 1-0
Селмани 11′

Се вчитува...