Македонскиот првак Шкендија вечерва (20 часот) во Велс го игра реванш натпреварот од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите против ТНС. Убедливата победа (5-0) над велшкиот шампион од првиот дуел во Скопје е гаранција дека Шкендија ќе мине натаму, иако има уште 90 минути од двомечот. Но, квалитетот е дефинитивно на страната на составот на Ќатип Османи.
Стратегот на тетовци најави дека ќе им даде шанса и на некои други фудбалери, но интенцијата и понатаму е иста, да се оствари уште еден триумф над ТНС во најквалитетното европско натпреварување.
„Шкендија го респектира секој ривал, но верувам дека фудбалерите се максимално мотивирани да прикажат уште една добра игра која на крајот ќе донесе и нов триумф. Го оставаме зад себе првиот меч и предноста од 5-0, и сакаме да оствариме уште една победа во Европа“, вели шефот на стручниот штаб, Ќатип Османи.
Мечот меѓу ТНС и Шкендија ќе се игра вечерва (20 часот) на стадионот „Парк хол“ во Освестри, Велс, а ќе го суди Павел Орел (Чешка).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА