Македонскиот прволигаш Шкендија сериозно ја разгледува можноста за смена на тренерот Томас Брдариќ. Утре ќе биде одржан состанок на раководството на клубот, а главна точка на дневниот ред ќе биде донесување на одлука за стручниот штаб. Голема е веројатноста Томас Брдариќ да биде разрешен од должноста.
„Во овој момент клубот не може да даде одговор на тоа прашање. Раководството на Шкендија утре ќе има состанок, на кој ќе се разгледуваат некои кадровски решенија, а меѓудругото ќе се разгледува ситуацијата на стручниот штаб во однос на остварените резултати. Откако ќе биде донесена одлука, клубот ќе ја информира јавноста за своите чекори“, велат за ЕКИПА, од одделението за односи со јавноста на фудбалскиот клуб Шкендија.
По загубената трка за шампионската титула, Шкендија ќе игра во финалето на Купот на Македонија, против Пелистер на 17 мај, на стадионот „Младост“ во Струмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА