Шкендија вечерва по заверка на патот кон 3. коло и пресметка со шведски АИК Стокхолм

Шкендија безусловно посакува пласман во третата рунда од квалификациите за УЕФА Конференциската лига. Сето тоа посебно и по победата од 1-2 на првиот натпревар во Рига против летонската Валмиера. Па, денеска на реваншот на арената „Тодор Проески“ во Скопје желбата е со нова победа да се завери патот кон 3. коло и пресметката со шведскиот АИК Стокхолм.

Сепак, шефот на стручниот штаб, Артим Шаќири, пред денешниот меч нагласува дека во редовите на тетовскиот тим нема ниту најмало опуштање. Напротив, тимот ќе се однесува како се да почнува од нула.

„Воопшто не се залажуваме со предноста од 2-1 која ја имаме од првиот натпревар од Рига, па влегуваме во мечот од нула. Мора да се одигра максимално фокусирано ако сакаме нова победа и пласман во следната рунда натпревари. Најголемата опасност по нас се напаѓачите на Валмиера. Тие се брзи, ефикасни, но добро се спротиставивме на нивниот напад во Рига. Сега повторно мора да бидеме внимателни во одбраната, а притоа секако ќе се надигруваме максимално во офанзивата во желбата за победа. Би сакал и навивачите да ни бидат дванаесетти играч на натпреварот. Сакаме поддршка од нив, и на терен повторно да покажеме дека не беше воопшто случајна онаа победа од пред седум дена во Летонија“ – вели Шаќири.

Ако ја мине Валмиера, Шкендија во третата рунда натпревари ќе се соочи со АИК Стокхолм од Шведска кој во второто коло ја елиминираше украинска Ворскла. На синоќешниот реванш-дуел во Стокхолм беше 1-0 за АИК (со идентичен 1-0 победи и Ворскла на првиот натпревари), па во продолженијата АИК постигна гол во 107. минута за пласман понатаму.

Реванш-натпреварот меѓу Шкендија и Валмиера од 2. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига се игра денеска (28. јули) со почеток од 20 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Се вчитува...