Шкендија во битка за плеј-оф во Конференциската лига: Хасани и Бејтулаи бараат поддршка од навивачите за елиминација на АИК

Шкендија вечерва од 20 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје ја очекува реванш дуелот од 3. квалификациско коло за УЕФА Конференциската лига против шведскиот АИК Стокхолм.

Тетовци од Шведска имаат поволни 1-1, па сега пред своите навивачи ќе се обидат да дојдат до посакувана елиминација на Швеѓаните и пласман во плеј-оф рундата од квалификациите за КЛ.

Максимален оптимизам владее во редовите на црвено-црните кои со поддршка од навивачите веруваат дека можат до изненадување.

„Подготвени сме за максимално надигрување. Очекуваме поддршка и од трибините за да може да елиминираме еден силен противник како АИК. Веруваме во нашиот квалитет и сили, и затоа ги повикуваме навивачите да дојдат на стадион и вечерва заедно да славиме пласман во плеј-офот од квалификациите за Конференциската лига“ – е едногласниот став на најдобрите фудбалери во редовите на Шкендија, капитенот Ферхан Хасани и дефанзивецот Егзон Бејтулаи.

Тренерот Артим Шаќири, пак, е свесен дека сега ќе следи сосема поразличен натпревар од оној првиот, но верува дека сите во тимот се подготвени за предизвикот кој ги чека.

„Ќе биде тоа поразличен натпревар од оној првиот, затоа што сега едноставно мора да има победник. Ништо не значи оној нерешен резултат од Стокхолм, ако не одиграме повторно квалитетно и мотивирано за победа. Ние размислуваме само на победа, па нека биде тоа и на пенали. Искрено верувам дека можеме да го елиминираме овој противник, кој добро го познавам затоа што две години играв во Шведска“ – вели Шаќири.

Се вчитува...