Шкендија во хумана акција: Пакетчиња за деца со посебни потреби

Актуелниот фудбалски првак на Македонија, тимот на Шкендија, го искористи празничниот период за хумана акција, откако членови на тетовскиот клуб денеска ги посетија децата со посебни потреби во дневниот центар во Тетово, притоа давајќи им пригодни новогодишни подароци.

Езгон Бејтулаи и Флорент Рамадани ја продолжија традицијата на тетовските „црвено-црни“, дарувајќи ги дечињата и минувајќи време во нивно друштво.

„Посакувајќи им на децата здравје и среќа во новата година, испратена е порака за сите што повеќе да ги исполнуваме социјалните обврски, за да изградиме што попозитивни вредности во државата“, објавија од ФК Шкендија.

Се вчитува...