Шкендија во Прилеп, Шкупи против Силекс за доближување до Струга ТЛ

Шкендија и Шкупи денеска во 9. коло од Првата македонска фудбалска лига во обид да го искористат ремито на Струга ТЛ на гостувањето против Македонија ЃП за да се доближат бодовно до врвот во шампионатот.

Шкендија гостува на Победа во Прилеп во желбата да дојде до трите бода.

„Нема што многу да се размислува, Шкендија против Победа оди на трите бода. И не само против Победа, туку против сите екипи во првенството, па така и денеска. Секако Победа не смее да се потцени, се работи за незгодна екипа, посебно кога играат дома. Сигурно ќе носат огромен мотив против нас, но наша цел е триумфот“ – вели репрезентативецот Љупче Дориев.

Шкупи, пак, на домашен терен очекува силен тест со Силекс. Тимот на Гоце Седлоски верува во победа иако свесни дека кратовци имаат одличен почеток на сезоната и сигурно се тим за максимален респект.

Во последниот натпревар од ова коло, Тиквеш во Кавадарци го пречекува Скопје во желбата за триумф со кој ќе се пробие во првата половина од првенствената табела.

ПМФЛ – 9. КОЛО (денеска, 15 ч.)
Скопје: ШКУПИ – СИЛЕКС
Прилеп: ПОБЕДА – ШКЕНДИЈА
Квадарци: ТИКВЕШ – СКОПЈЕ
ВЧЕРА
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ 1-1
Алексовски 85′ – Шабани 62′
Штип: БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ 1-3
Ѓокиќ 63′ – Велкоски 25′(п), 89′, Рушевиќ 76′

Се вчитува...