Шкендија во стандардната формација, Тотенхем без Кејн но со Деле Али

Шкендија и Тотенхем од 20 часот ќе се соочат во 3. коло од квалификациите за Лигата на Европа на националната арена „Тодор Проески“.

Шкендија ќе биде со Бесарт Ибраими, и веднаш како поддршка со Ахмеди, Дориев и Нафиу во офанзивната линија од средниот ред. Дита и Тотре како последни играчи за врска, а во одбраната стандардно Мурати, Кривак, Бејтулаи и Павиќ пред голманот Захов.

Тотенхем, пак, стартува без Хари Кејн во нападот, но со Ламела, Сон и Деле Али.

Во останатите редови очекуван први тим, со Ндомбеле, Бергвијн и Винкс во средниот ред и Орие, Санчез, Алдервирелд и Дејвис во одбраната пред голманот Харт.

Се вчитува...