Шкендија води и битка за што повисок УЕФА-коефициент пред групната фаза во европските купови!

Фудбалерите на Шкендија синоќа во израмнет натпревар загубија минимално со 0-1 од азербејџански Карабах во 3. квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Јасно е дека и натаму, без разлика на поразот, за македонскиот шампион останува битката за пласман во следната рунда натпревари од Лигата на шампионите, затоа што составот на Јетон Беќири демонстрираше синоќа дека има сили за комплетно надигрување со Азербејџанците и на нивни терен.

Но, факт е и дека, Шкендија паралелно води и битка за што повисок свој УЕФА-коефициент пред групната фаза од европските натпревари оваа есен во кои е јасно дека тетовци ќе учествуваат, најмалку во Конференциската лига на УЕФА.

Според актуелната ситуација, Шкендија ждрепката за Конференциската лига, доколку не се избори за групи во ЛШ или во ЛЕ, ќе ја очекува од шестиот шешир, во моментов со коефициент – 7.500. Токму поради тоа секој позитивен резултат во следните квалификациски кола, и на реванш дуелот против Карабах, и во плеј-оф рундата, без разлика дали во ЛШ или во ЛЕ, е повеќе од значаен за Шкендија за подобрување на својот рејтинг-коефициент. Со подобрување на својот рејтинг-коефициент „црвено-црните“ лесно може да се најдат и во петтиот квалитативен шешир пред евентуалната ждрепка, најмалку за Конференциската лига.

Се вчитува...