Шкендија загуби, но уште еднаш покажа дека може да се надигрува со фаворитите (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбаласкиот шампион на Македонија, Шкендија загуби 0-1 на домашен терен против турски Самсунспор во првиот натпревар од двомечот од плеј-оф фазата во најмладото клупско натпреварување на Европа, Конференциската лига.

Шкендија уште еднаш сезонава покажа дека може да се надигрува со клубовите од најсилните лиги во Европа. Иако Турците стигнаа до полн плен, тетовци во ниту еден момент не беа инфериорни и успеаја во 90 минути одлично да му парираат на големиот фаворит.

 

Се вчитува...