Македонскиот прволигаш Шкендија го загуби првиот тест (2-1) во Анталија од азербејџанскиот тим Габала. Ова е почеток на проверките за Шкендија во турската база, но и втор пораз за тренерот Томас Брдариќ откако го презеде кормилото на Шкендија оваа зима.
Во првиот дел, Габала поведе со голот на Филип Озобиќ во 38.минута, а во 77.минута и го зголеми водството со погодокот на Араз Абдулаев. Шкендија постигна погодок во 89.минута за конечни 2-1 преку новото засилување Јуре Чолак.
Тренерот на Шкендија, Томас Брдариќ, мечот го започна со следниот тим: Захов, Тодоровски, Бејтулаи, Цуцули, Челиковиќ, Вујчиќ, Алими, Бојку, Имери, Хасани, Радески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА