Двоецот Елиф Елмас и Дарко Чурлинов ја донесе првата победа за Македонија во квалификациите за Европското првенство 2024.
А, творците на првите квалификациски бодови за Македонија и тоа како се поврзани, кога се во прашање нивните први фудбалски чекори, преку фудбалската школа „Форца“, на легендарниот вардаров фудбалер Јовче Џипунов.
И Елмас и Чурлинов првите тајни на фудбалската игра ги учат токму во школата на членот на златната шампионска вардарова генерација која продуцира голем број членови на младите македонски репрезентации. Меѓу, секако најпознатите Елмас и Чурлинов кои сега се столб на националниот тим.
И двајцата никогаш не ја забораваат „Форца“… Елмас секогаш кога е во можност, при секоја пауза од активностите во Серија А и претходно во Фенербахче, знае да ги посети Џипунов и местото каде ги реализирал првите фудбалски чекори пред трансферот во Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА