Шкотите објавија крај: Селтик шампион, Хартс испадна од елитата

Шкотската Премиер-лига и официјално е прекината и нема да се доигра, откако на денешниот состанок беше постигнат договор преостанатите натпревари од елитното фудбалско друштво во оваа земја. Шкотските власти ги откажаа сите спортски настани најмалку до 10 јуни, а 12-те клубови едногласно постигнаа договор дека не постојат услови за финиширање на сезоната.

По ваквиот став на сите екипи, Премиер-лигата денеска само ја официјализираше нивната одлука, именувајќи го Селтик во старо-нов шампион. За гигантот од Глазгов ова е деветта титула во низа, апсолутно заслужено ако се знае дека во моментот на прекинот на сезоната Селтик имаше 13 бода повеќе од градскиот ривал Глазгов Ренџерс. По означениот крај, шкотската Премиер-лига веднаш ќе го распредели бонусот од седум милиони фунти на клубовите, во зависност од нивниот пласман на табелата.

Хартс е тимот што испаѓа од елитното шкотско фудбалско друштво, откако овој тим беше последен на табелата во моментот на прекини, со четири бода помалку од претпоследниот Хамилтон.

Се вчитува...