Шкотланѓаните го избраа Миовски пред својот репрезентативец: Нема ни дилема… (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски продолжува со врвните настапи за Абердин во шкотското првенство. Голгетерот стрелаше и против гигантот Глазгов Ренџерс за својот 11 погодок во сезоната па го најде и своето место во идеалниот тим на колото во тамошната Премиер-лига.

Одличните настап на Македонецот го повлекоа и во една дебата на социјалните мрежи. Популарниот „Gorgie Talk“ на платформата „Х“ (поранешен Твитер) објави фотографија од Миовски и шкотскиот репрезентативец Лоренс Шакленд кој се поврзува со трансфер токму во Ренџерс со прашањето „Кој е подобар напаѓач?“ на што шкотските навивачи на големо гласаат за Македонецот.

„Миовски. Нема да ни образложам. Тоа е Миовски“, „Шекланд ќе заврши во Ренџерс и ќе биде добар. Миовски ќе оди во странство и ќе стане еден од најдобрите во Европа“, „И двајцата се одлични напаѓчи, но јас го преферирам Миовски“, „Миовски, Ренџерс треба да го потпишат него и да се занимаваат со Шекленд“ – се само дел од коментарите.

Се вчитува...