Шкотска ги шокираше Халанд и Норвежаните, „реми“ во Подгорица

Норвешка имаше предност во дуелот со Шкотска во квалификациите за пласман на ЕП 2024 година со голот на Халанд, меѓутоа Шкотланѓаните со два гола во финишот направија пресврт и целосно го шокираа најдобриот голгетер во Премиерлигата и во Лигата на шампионите.

Халанд во 61. минута од белата точка донесе предност, меѓутоа во 87. минута Дукс најпрво израмни, за две минути подоцна Меклин да донесе предност и победа за Шкотска.

Во Подгорица, Црна Гора и Унгарија одиграа меч без голови. И покрај тоа што Унгарците имаа поголем посед на топката, но Црногорците имаа подобри шанси, на крајот ниту една селекција не реализираше.

Нерешено заврши и мечот во Баку каде Азербејџан и Естонија одиграа 1:1.Естонците водеа со голот на Сапинен, а Кривоциук успеа да израмни во 62. минута.

Се вчитува...