Весникот „Национал“, кој отворено се залага за отцепување на Шкотска од Велика Британија, предложи селекторот на Италија, Роберто Манчини, да биде прогласен за почесен граѓанин на оваа островска држава.
Главната причина за ваквиот предлог е триумфот на Италија во финалето на ЕВРО 2020 против Англија, вечниот непријател на Шкотите, барем на тие што сонуваат самостојна држава.
„Направете го Роберто Брус почесен граѓанин на Шкотска“, стои во повикот објавен на насловната страница на весникот.
Роберт Брус Први бил крал на Шкотска на почетокот од 14. век и организатор на одбраната на земјата во почетниот период на Војната за независност против Англија.
„Ги повикуваме читателите на ‘Национал’ да придонесат за наградата на Манчини за услугите на Шкотска“, се вели во дополнителната објава на весникот на Твитер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА