Фудбалерите на Швајцарија и Шкотска одиграа без победник 1-1 во натпревар од 2. коло од А групата на Европското првенство 2024 година во Германија.
Натпреварот почна тврдо, па и двете екипи не успеаја да го загрозат голот на противникот, па по првите 10. минути се уште стоеја почетните 0-0.
Првата шанса ја имаше Шкотска и веднаш ја материјализираа за водство од 1-0. Шкотска тргна во добра контра, во која асот на Јунајтед, Скот Мектоминај биеше, по што неспретно реагираше Шар кој си постигна автогол.
🚨 GOAL: Scotland 1-0 Switzerland!
MCTOMINAY PUTS THE SCOTS IN THE LEAD! 🏴 pic.twitter.com/mgWO3joeUy
— Euro 24 Hub (@Euro24Hub) June 19, 2024
Швајцарија успеа брзо да се врати во игра и да израмни на 1-1 со евроголот на Џердан Шаќири во 26. минута.<
🚨 GOAL: Scotland 1-1 Switzerland!
XHERDAN SHAQIRI PUNISHES SCOTLAND IN RIDICULOUS FASHION! 🇨🇭 pic.twitter.com/kEr7F8xyPZ
— Euro 24 Hub (@Euro24Hub) June 19, 2024
/p>
Во второто полувреме првата голема шанса ја имаше, Шкотска откако во 68. минута кога Грент Хенли по удар со глава ја погоди стативата на голот на Јан Зомер. До крајот Шкотска се обидуваше да дојде до три бода, но Швајцарија успеа да се одбрани и да стигне до бод кој веројатно значи и пласман во осминафиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА